Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга

НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ

Сашо Кокаланов


цена: 350 ден.




„Ние сме лудаци“ е исконструиран и нестварен роман речиси колку животот. Ако отсекогаш сте мислеле дека никој и ништо не може да создаде понеобични и почудни нешта отколку што тоа го може самиот живот, еве текст-кандидат за натпревар. Натпревар на стварноста со пост-стварноста, на вистината со пост-вистината,.. натпревар на возови со шини, на спонтаност со режија, на политика со книжевност, на сатира со еротика, на хумор со безнадеж...

Долгот кон љубителите на писмото на Сашо Кокаланов со овој роман не што е отплатен со највисока камата, туку дури е и натплатен, па сега ние му должиме нему: читање, смеење и подголтнување, задоволство во текстот на повеќе нивоа, зашто „Ние сме лудаци“ е лирика, епика и драма во едно; победа, пораз и бегство на ист фронт, под исто знаме. Ликовите се толку магнетни што целосно го привлекле дури и авторот, па Кокаланов е едноимен кога пишува драми, другоимен кога пишува поезија, но истоимен кога е детектив на дури пет случаи во романот!

„Ние сме лудаци“ е носител на листата на книжевната партија на слободоумните и талентираните. Заокружете го, остварете го!

Оливера Ќорвезироска


ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани 100LE