Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга
Книга

ВЕНЕЦИЈА

интуитивна прошетка низ лавиринтите на La Serenissima

Владимир Пиштало


цена: 250 ден.




Идеолошки поистоветен со вистината, реализмот се спроведува како чин на егзорцизам. Долж острицата од хоризонтот на таа согледба се разлачуваат имагинацијата и фантазијата, но, потем трпеливо, како што преку созревање се препознава разликата помеѓу упорноста и тврдоглавоста, треба да се препознае разликата меѓу тие два облика на слобода - оти човековиот календар за имагинарното е магичен квадрат, а за фантастичното е затворска решетка. Тоа не е разлика само во квалитетот на уметничката слобода, ами во квалитетот на слободата воопшто, а произлегува од пристапот кон – метафората, која, пак, не е произволно сопоставување појавности, претстави и слики на нештата преку конвенцијата на зборовите, туку напротив, како што методично покажа Аристотел, метафората ја преобразува, ја превреднува појавната, видливата - реалност, така што бара – сличност (= око), сродност (= душа), блискост (= дух) меѓу нештата, преку магнетизмот на сензибилитетот.

Метафоричното писмо на Пиштало опишува импресионистичка атмосфера во која гестуалноста на глетката пулсира, жива е, оти е претставена преку сетилото на активната имагинација (Јунг), преку духовната способност на тоа огледало за епифании (Корбен). Поетски начулено за поројот микромистерии на секојдневието, писмото на „Венеција“ е архивска треска (Дерида), оти бара внимателно, симултано, трпеливо, стратифицирано читање: Како и секој палимпсест впрочем, полихронијата запечатена во овој густо ткаен текст ни носи и роман за интимното созревање (bildungsroman) и летопис на Млетачката Република, а едрата на страниците всушност постојано стремат на дионизиски аџилак кон – Медитеранот, интертекстуалното устие за историскиот тек на недобројни култури и од Истокот и од Западот.

Небаре со раката на Хермес биле украдени идентитетските картички под музејските експонати, та потем помешани биле во шпил на нова романескна приказна, „Венеција“ на Владимир Пиштало низ лавиринтот на La Serenissima нè води на расеана, интуитивна прошетка вон јаловиот етер на академската, егоцентрична блазираност, кон самосвест за личноносните својства на уметничкиот дух.


ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани 100LE