ДЕЛИКАТНОСТ

Приказна за љубовта со сиот свој трагичен, комичен и апсурден сјај

Давид Фоенкинос


цена: 350 ден.




Фоенкинос во прекрасниот роман Деликатност гради приказна за љубовта и за сложените меѓучовечки односи која е раскажана на шармантен и, пред с е’, на деликатен начин. (Деликатен: сложен замрсен тежок; внимателен, чувствителен; вкусен; што бара посебен однос и внимание. Толковен речник на македонскиот јазик, Том I). Авторот го зема секое значење на овие зборови и полека го воведува во срцевината на романот. Романот е така пишуван што читателот има чувство дека приказната некој му ја раскажува. Тоа е приказна за нова љубов и надеж дека и ранетите срца можат да најдат прибежиште на најчудни места, дека љубовта може да има и трагичен и комичен дел, понекогаш и малку апсурден, но тоа е тој деликатен зачин што ја прави толку голема. Ова е прекрасна и деликатна љубовна приказна во која кусите хумористични дигресии раштркани меѓу поглавјата и’ даваат нота на оригиналност.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани