ВО КАМЕН

значаен роман кој на несекојдневен начин ја поврзува индустријата на сексот со парадигмите на марксизмот

Клеменс Маер


цена: 420 ден.




„Во камен“ е роман за проституцијата во еден голем, неименуван град во Германија, која започнува во 80-те години, во ерата на поделеноста на земјата, а продолжува сè до денешно време. Маер мошне храбро гради експерименталнa приказна со речиси халуцинантни техники на тек на свеста, постојано менувајќи ја перспективата на нараторите и изневерувајќи го читателот. Раскажувањето тече во секвенци низ кои времето специфично се менува и настаните функционираат на ниво на слики, претстави и гласови, кои доминираат над ликовите и класичното раскажување. „Во камен“ е роман кој се нурнува во „хипер реалност“ полна со чудни гласови и ужасни настани, а која всушност е само една морничаво прецизна претстава на неолибералниот капитализам.



ИЛИ-ИЛИ © 2014 | Авторските права се задржани