Оливера Николова
ОЛИВЕРА НИКОЛОВА е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Пишува за деца и за возрасни.
Попознати дела за деца се: Зоки Поки, Земја во која не се стигнува (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), Пријателите Бон и Бона (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), Мојот звук (Награда 'Младо поколење',1978), Девојките на Марко, Љубоболки, Шифри на каменот, Преминот не е осветлен, Светлосна година, и други. За специјални постигања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда.
Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази: Ден за летување и Лева комора, комедијата Сребреното јаболко, романите: Тесна врата (Награда 'Стале Попов',1983), Домашни задачи, Тромбот, Адамовото ребро (Награда 'Рациново признание',2000), Вежби за Ибн Пајко, Куклите на Росица (награда Роман на годината за 2004г), како и книгата со драмски текстови под наслов Сребреното јаболко.